Дома Фудбал Репрезентации Ваква ситуација не се памети: Селекторот на Аргентина суспендиран на Копа Америка поради бизарна причина

Ваква ситуација не се памети: Селекторот на Аргентина суспендиран на Копа Америка поради бизарна причина

Aргентинскиот селектор Лионел Скалони нема да може да ја води својата репрезентација во натпреварот против Перу кој на програмата е во вечерта пред нас.

Скалони доби суспензија поради навистина бизарна и необична причина. Тој е суспендиран затоа што неговите фудбалери задоцниле со излегувањето од соблекувалната во досегашните два натпревари против Канада и Чиле.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Од редовите на Канада се пожалиле на ваквата ситуација и бидејќи истата ситуација се повторила следувала казна.

Така Скалони сега ќе мора еден натпревар да гледа од трибините. Сепак, Аргентинците нема премногу да жалат бидејќи веќе го обезбедија четвртфиналето, па натпреварот со Перу за нив нема резултатско значење.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

И Романо потврди, Бразилецот го напушта Реал, причината е – Карло Анчелоти

Денеска пристигна нова потврда и тоа од Фабрицио Романо – Ендрик го напушта Реал Мад…