Дома Останати ВАДА бара за Синер суспензија од две години

ВАДА бара за Синер суспензија од две години

Светската антидопинг агенција (ВАДА) поднесе жалба до Судот за спортска арбитража во Лозана и бара суспензија за Јаник Синер.

Првиот светски рекет бил позитивен на клостебол во март 2024 година, но случајот излезе на виделина минатиот месец, на една недела пред УС Опен. Меѓународната агенција за интегритет во тенисот го прогласи за невин и го ослободи од обвинение, но во ВАДА не се согласуваат со ваквата одлука.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


ВАДА мисли поинаку и смета дека пресудата не била точна според сегашните правила, како што се наведува во соопштението.

„Ќе побараме суспензија меѓу една и две години. ВАДА не бара поништување на ниту еден резултат“, се вели меѓу другото во соопштението на ВАДА.

Синер, и покрај притисокот од тој допинг скандал, го освои УС Опен, негова втора Грен слем титула, по Австралија Опен исто така оваа година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Ужас во Турција: Пукано во поранешен репрезентативец!

Страшна вест ни пристигнува од Турција каде што во вооуржен напад бил повреден поранешниот…