Дома Фудбал Останато Буфон: Јувентус со мене го направи најдобриот бизнис

Буфон: Јувентус со мене го направи најдобриот бизнис

Легендарниот голман Џанлуиџи Буфон вчера наполни 41 година и во интервјуто за магазинот „ФорФорТу“ зборуваше за делови од неговата голема кариера.

Буфон во Јувентус каде што ја помина скоро целата своја кариера пристигна во 2001 година за сума од 52 милиони евра што во тоа време беше вистински шок.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


„Во последните години клубовите започнаа да трошат огромни суми. Ако се навратиме на времето кога јас почнував и парите кои беа платени за мене, мислам дека ги имаше истите наслови. Голем број фанови зборуваа дека не можете да платите толкава сума за голман. Сепак, јас во Јувентус поминав 17 години и мислам дека клубот со мене направи еден од најдобрите бизниси, ако не и најдобар“, изјави Буфон.

Буфон во ПСЖ пристигна ова лето, а по се изгледа во неговиот договор „светците“ ќе ја искористат опцијата за автоматско продолжување на уште една.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Не му успеало на никој друг претходно: Педри во драмата помеѓу Барселона и Селта сруши рекорд

Вчерашниот натпревар помеѓу Барселона и Селта во рамките на 32. коло на шпанската Ла Лига …