Легендарниот голман на Јувентус, Џанлуиџи Буфон ја игра последната сезона во кариерата, а призна дека се плашел сезоната да ја заврши без ниту еден освоен трофеј.
Меѓутоа, Буфон е на чекор да го освои 7-то последователно Скудето, а утре ќе го изведе тимот во финалето од Купот против Милан и ќе има можност да ја освои двојната круна.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Поради историјата и големината на двата клуба Јувентус никогаш не може да биде фаворит против Милан, ниту обратно. Кога овие два клуба играат финале нема фаворит, тоа го научив уште во 2003 година. Од тогаш игравме 4 финалиња, две ги освоија тие на пенали, а ние едно на продолженија и едно на пенали. Финалињата со Милан се секогаш израмнети“, изјави Буфон.
„Искрено оваа сезона замене беше комплицирана од емотивен аспект. Започна со големото разочарување во ноември со репрезентацијата. Потоа во еден момент стравував дека е можно сезоната да ја завршиме без ниту еден освоен трофеј. За мојата иднина ќе зборувам наредните денови попорецизно“, додаде легендарниот голман.