Дома Трансфер зона Буфон сака да остане уште една сезона во ПСЖ

Буфон сака да остане уште една сезона во ПСЖ

Легендарниот Џанлуиџи Буфон призна дека сака да остане во Пари Сент Жермен и следната сезона.

41-годишниот голман ова лето пристигна на „Паркот на принцовите“ и потпиша едногодишен договор, со опција на уште една година.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Буфон сака да остане во Париз уште една година, но не сака да му го држи местото на Алфонс Ареола.

„Ако Алфонс нема ништо против и клубот ме сака, би сакал да останам уште една сезона“, изјави Буфон.

Буфон е легенда на Јувентус каде одигра 565 натпревари и се очекуваше минатото лето да стави крај на кариерата, но тој се одлучи за нова авантура.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…