Дома Фудбал Италија Буфон: Киелини секогаш беше мој верен заштитник

Буфон: Киелини секогаш беше мој верен заштитник

Вечерва стоперот на Јувентус и италијанската репрезентација Џорџо Киелини ќе го одигра 100-тиот натпревар во дресот на „Аѕурите“, а неговиот долгогодишен соиграч од репрезентацијата и клубот, Џанлуиџи Буфон имаше само пофални зборови.

Киелини за Италија дебитираше пред 14 години во натпреварот против Финска, а вечерва ќе стане седмиот играч во историјата на репрезентацијата кој стигнал до троцифрена бројка на натпревари. Пред него тоа го направија Дино Зоф, Андреа Пирло, Даниеле Де Роси, Паоло Малдини, Фабио Канаваро и Буфон.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


„Џорџо секогаш беше мој верен заштитник, кој ги правеше нашите авантури сигурни и поуспешни. Тој е совршен пример за играч кој со својата интелегенција, професионалност, скромност, пожртвуваност и можеби ги надмина своите амбиции кои ги имаше пред почетокот на неговата кариера. Киелини во мојот идеален тим би бил сигурен член. Со најубави желби му го честитам јубилејот и му посакувам да стигне и до 200 настапи“, изјави легендарниот италијански голман.

Ќе потсетиме, токму Киелини после заминувањето на Буфон во ПСЖ ја превзема капитенската лента во Јувентус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Бомба од „Енфилд“! Робертсон си заминува од Ливерпул, во јануари потпишува договор со нов клуб!

Најавите велат дека капитенот на репрезентацијата на Шкотска е отворен за потпишување прет…