Дома Фудбал Останато Бугарија остана без селектор: Балаков си поднесе оставка

Бугарија остана без селектор: Балаков си поднесе оставка

Фудбалската репрезентација на Бугарија повеќе нема да ја предводи Крешимир Балаков, пренесуваат тамошните медиуми.

Овој поранешен одличен фудбалер во последно време беше изложен на голем притисок на јавноста. Под негово водство Бугарите во понеделникот беа поразени од Англија со дури 6:0, а тој натпревар, меѓу останатото го обележи и расистичките испади на дел од публиката.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Два пати главниот арбитар го прекина натпреварот поради испадите на бугарските хулигани, а иако по се, Балков на пресот тврдеше дека ништо не слушнал, сфатил дека не е во право и јавно се извни. Во меѓувреме, Балков одлучи да повлече нов потег. Со јавноста сподели дека повеќе нема да ја предводи Бугарија и дека поднел оставка на позицијата селектор, а причините се, како што вели тој, исклучиво спортски.

Се уште не е познато кој ќе биде замена за Балков.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Легендата на Реал ги избра најдобрите 11: Ги нема Модриќ, Зидан, Рамос, Касиљас… (Фото)

Поранешниот шпански средишен играч Гути ги одбра најдобрите 11 во историјата на Реал Мадри…