Дома Луд Спорт Брутално претепување: Навивач на Панатинаикос залута на погрешна трибина – еве што го снајде

Брутално претепување: Навивач на Панатинаикос залута на погрешна трибина – еве што го снајде

На снимката која е објавена на интернет може да се види како навивачите на Олимпијакос напаѓаат и претепуваат еден навивач на Панатинаикос.

Тешко е со зборови да се опише ова ривалство помеѓу жестоките фанови на Панатинаикос, познати како Gate 13, и навивачита на Олимпијакос, Gate 7. Во Грција клупските гостувања се забранети веќе подолго време. За полицијата и властите така е наједноставно, бидејќи постојано се случуваат судири кои неретко завршуваат и со смртни последици.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Кога е во прашање репрезентацијата, тензиите воопшто не се со смален интензитет. Еден „навиач“, кој очигледно не знаеше што прави и каде се наоѓа, заскита на трибината меѓу Gate 7, облечен во дресот од омразениот Панатинаикос, и тоа за време на квалификацискиот натпревар помеѓу Грција и Гибралтар за Светското првенство 2018 година.

Стадионот Георгиос Караискакис во Пиреј беше полн „до даска“, навивачите дојдоа да ја поддржат својата репрезентација, но привидното „примирје“ пукна многу брзо. На површина излезе сиот клупски анимозитет кој владее на релација Атина-Пиреј.

Кога навивачите од Gate 7 забележаа дечко облечен во дресот од Панатинаикос на нивната трибина, на нивниот стадион, домашните навивачи се нафрлија на поддржувачот на „зелените“. Почнаа брутално да го тепаат, изживувајќи се со него. Не го пуштаа да си оди ниту откако си ја доби „порцијата“, туку се нафрлаа на него. Некои се обидуваа да ја смират ситуацијата, сето тоа изгледаше доста конфузно и  хаотично.

За среќа, сето тоа заврши без потешки последици. Несреќниот навивач, иако „поштено“ претепан, се спаси со скок преку оградата од трибината на атлетската патека, каде го дочекаа редарите и го одведоа на сигурно.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Луд Спорт

Проверете

Гатузо после 22 години ја избричи брадата

Легендарниот Италијанец, Џенаро Гатузо учествуваше во хуманитарната акција „Брадеста аукци…