Дома Трансфер зона Бруно Фернандеш прави голем трансфер во јануари

Бруно Фернандеш прави голем трансфер во јануари

Манчестер Јунајтед после раскинувањето на договорот со Кристиано Роналдо, наскоро може да остане без уште еден важен фудбалер.

Имено, Бруно Фернандеш сериозно размислува да го напушти „Олд Трафорд“, а најсериозен интерес за него покажува Реал Мадрид.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Португалецот е голема желба на тренерот на „кралевите“, Карло Анчелоти, а Реал е спремен наскоро да стапи во контакт со неговиот агент.

За Фернандеш е примамлива опција трансфер во Реал Мадрид, бидејќи ќе може да игра во Лигата на шампиони и да се бори за најважните трофеи.

Реал е спремен да понуди 80 милиони евра за неговиот потпис, но останува да се види како ќе реагира Манчестер Јунајтед, кој сигурно сака да ја задржи својата ѕвезда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…