Дома Фудбал Англија Манчестер Јунајтед го комплетираше големиот трансфер

Манчестер Јунајтед го комплетираше големиот трансфер

Екипата на Манчестер Јунајтед го заврши големиот трансфер и многу скоро се очекува официјална потврда.

Бруно Фернандес ќе стане новиот член на „Црвените ѓаволи“, а неговото доаѓање во Манчестер е закажано за викендот.

Последниот натпревар во дресот на Спортинг, 25-годишниот играч од средниот ред ќе го одигра в петок против големиот ривал Бенфика, а потоа ќе се упати кон Манчестер.

Таму ќе потпишат договор до 2025. година, а трансферот би требало да изнесува 50 милиони фунти со дополнителни бонуси.

Фернандес и оваа сезона игра фантастично, кој на 25 одиграни натпревари постигна 15 погодоци и запиша 13 асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Англија на пат да го заврши циклусот со стил

Англија се подготвува за уште една победа против Чешка, со што би го заокружила успешниот …