Тотенхем во моментов е во пол-позиција за ѕвездата на Спортинг Лисабон, Бруно Фернандес, тврди португалската „А Бола“.
Офанзивниот играч за врска одигра феноменална сезона и го привлече вниманието на многу европски гигант, пред се на Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити и Милан.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Меѓутоа, Тотенхем се вклули во трката и во последните 24 часа повлече конкретни потези за ангажман на Бруно Фернандес.
Пред извесно време „црвените ѓаволи“ понудија 68 милиони евра за неговиот потпис, но Тотенхем го известил португалскиот клуб дека е спремен да плати повеќе од 70 милиони евра.
Агентот на Фернандес веќе пристигнал во Лондон да ги договори последните детали со Тотенхем. Доколку се реализира овој трансфер тоа ќе биде најскапо засилување во историјата на лондонскиот клуб.
Фернандес одигра феноменална сезона и на 48 меча постигна 29 гола и запиша 17 асистенции, а во Тотенхем сметаат дека би бил идеална замена за Кристиан Ериксен, кој најави заминување.