Дома Фудбал Останато Бруно: Знам дека Роналдо ме пофали во Јунајтед и благодарен сум му на тоа

Бруно: Знам дека Роналдо ме пофали во Јунајтед и благодарен сум му на тоа

Португалскиот фудбалер Бруно Фернандеш оваа зима пристигна во Манчестер Јунајтед од редовите на Спортинг Лисабон.

Фернандеш после долги преговори кариерата ја продолжи во Манчестер Јунајтед, а Спортинг од неговата продажба инкасираше скоро 80 милиони евра.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Овој 25 годишен фудбалер сигурно е големо засилување за „црвените ѓаволи“ и навивачите се надеваат дека тоа ќе биде пресвртница кон враќањето на овој тим во самиот врв на европскиот фудбал.

Многумина трансферот на Фернандеш го споредуваа со оној на Роналдо кој исто така во Јунајтед дојде од Спортинг.

„Од почетокот на мојата кариера сум фан на Роналдо и секогаш го следев. Поради него посакував да играм за Манчестер Јунајтед и среќен сум што таа желба ми се оствари. Секој играч кој ќе дојде тука сака да освои се што може да се освои, па така и јас. Знам дека луѓето од клубот го прашаа Кристиано што мисли за мене и каков човек сум. Знам дека и Роналдо ме пофали и сега сакам да му се заблагодарам“, изјави засилувањето на Манчестер Јунајтед.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Изненадување: Интер ја следи ситуацијата околу Онана

Раководството на Интер внимателно го следи развојот на ситуацијата со голманот на Манчесте…