Дома Фудбал Италија Брука за Рома: Тренерот направи една измена повеќе од дозволеното!

Брука за Рома: Тренерот направи една измена повеќе од дозволеното!

Фудбалерите на Рома доживеаа шокантна елиминација од Специја во италијанскиот Куп после продолженија 2:4.

Но, римскиот клуб додатно се посрамоти. Фонсека направи дури шест измени на овој натпревар, иако според правилата се дозволени пет, па мечот може да биде заверен со службени 0:3.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Конфузијата на клупата на Рома настана поради прописите на ФИФА дека може да се направи дополнителна измена во продолженијата, шеста според новите правила, но тоа не важи за Купот на Италија.

Лоренцо Пелегрини се обиде да го предупреди Фонсека дека не е дозволена шеста измена, но од таборот на Рома не го послушаа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Легендарниот Сампаоли има нов клуб – ќе има плати од три милиони евра!

Познатиот аргентински тренер Хорхе Сампаоли го презеде бразилскиот Атлетико Минеиро. Тимот…