Кристиано Роналдо минатото лето го шокираше фудбалскиот свет кога реши да го напушти Реал Мадрид и да се пресели во Јувентус.
Португалецот во својата прва сезона успеа да го освои Скудетото, но Јувентус беше елиминиран во четвртфиналето од ЛШ, а во италијанскиот Куп исто така испадна во четвртфинале.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Поради тоа, ова дефинитивно беше сезона за заборав за Кристиано Роналдо, со оглед на фактот дека на 43 одиграни натпревари постигна „само“ 28 гола, што е негов најлош резултат во последната деценија.
Во сите десет сезони на „Сантиаго Бернабеу“, Роналдо никогаш не постигна помалку од 30 гола, а најмалку даде во неговата дебитантска сезона за „кралевите“ кога постигна вкупно 33 гола.
Роналдо после таа сезона никогаш не постигна помалку од 42 гола, а најмногу даде во сезоната 2014/15 кога постигна вкупно 61 гол.
Оваа сезона во Серија А заврши вкупно на 4-то место на листата стрелци со 21 гол.
Cristiano Ronaldo has finished his club season with 28 goals and 10 assists in total; his worst goal tally since 2009/10 (33 goals).
— InfoCristiano (@InfoCristiano) May 27, 2019