Дома Топ вести Бројките велат: Време е за враќање на Иско и тоа на – Европското првенство!

Бројките велат: Време е за враќање на Иско и тоа на – Европското првенство!

Луис де ла Фуенте наскоро ќе го објави списокот на Шпанија со 26 фудбалери за Европското првенство ова лето, а многумина се надеваат дека на тој список ќе се најде и Иско.

Поранешниот играч од средниот ред на Реал Мадрид и еден од најзаслужните за освојување на европското првенство со тој тим, сега е член на Бетис и повторно игра во врвна форма.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


На шпанската репрезентација дефинитивно и е потребен креативен играч како него, а за него оваа сезона зборуваат бројките.

По неделната победа над Алмерија стигна до бројката од осум гола, што е најмногу од сите опции што ги има Де ла Фуенте во шпанската репрезентација на средината од теренот, има најмногу удари кон противничкиот гол, најуспешни дриблинзи, а само Зубименди има повеќе комплетирани додавања.

Она што е многу важно, Иско е одличен и во дефанзива, има 18 пресечени топки, исто така најмногу од сите шпански играчи за врска. Дополнително, само Мерино добил повеќе дуели.

На сето тоа треба да се додаде и неверојатниот податок дека Иско беше прогласен за играч на натпреварот во 19 од 28 лигашки натпревари кои ги одигра оваа сезона.

Сите овие бројки говорат многу во негова корист, а зголемувањето на играчите од 23 на 26 може да му дозволи на селекторот на Шпанија да го повика Иско. 32-годишникот последниот натпревар за репрезентацијата го одигра пред пет години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Реал тргнува по дефанзивец на Тотенхем

Реал Мадрид сака да ја засили одбраната во зимскиот преоден рок, а најново име на списокот…