Интер му изрече „солена“ казна на Марсело Брозовиќ за возење под дејство на алкохол низ улиците на Милано.
Играчот за врска на Интер направил сериозен престап со својот автомобил, откако со луксузниот Ролс Ројс поминал на црвено светло во два часот по полноќ.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Полицијата го запрела и се покажа дека Брозовиќ возел под дејство на алкохол. Хрватот веднаш остана без возачка дозвола, а денес Интер го казни со 100.000 евра.
Сето ова ја прави неговата иднина во Интер неизвесна, тврди „Газета дело Спорт“. И покрај добрата сезона на раководството му сметаат неговите испади надвор од теренот.