Италијанските и европските гиганти водат битка за потписот на ѕвездата на Бреша, Сандро Тонали, пренесува „Газета дело Спорт“.
Сандро Тонали важи за еден од најталентираните италијански фудбалери. Манчини му даде шанса и во сениорската репрезентација на Италија. Иако има само 19 години јасно е дека пред него е блескава иднина.
ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓
Скоро сите поголеми клубови од Апенините покажаа интерес да го доведат во своите редови, меѓутоа Тонали го следат клубови и надвор од границите на Италија.
Според последните информации Бреша е спремна на лето да го пушти својот „бисер“, но само доколку пристигне понуда од 60 милиони евра.
Јувентус, Интер и Милан покажуваат најсилен интерес за Тонали, па останува да се види дали се спремни да ја платат оваа сума.