Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Данило Брестовац денес го соопшти конечниот список на ракометари за натпреварите со Турција и Грузија.
За пријателскиот натпревар со Турција повикани се 17 ракометари, а меѓу нив ги нема искусните Кирил Лазаров, Дејан Манасков, Борко Ристовски и Гоце Георгиевски.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Тие на тимот ќе му се приклучат по враќањето од Турција, и тие ќе играат на средбите со Грузија на 25 и 26 октомври во Скопје.
Првиот собир, селекторот Брестовац го закажа за во понеделник во 17 часот во хотелот „Александар Палас“ во Скопје.