Дома Македонски спорт Мак фудбал Брера се засили со напаѓач од Франција!

Брера се засили со напаѓач од Франција!

Eкипата на Брера потпиша договор со францускиот фудбалер Џибрил Дианиси кој во својата играчка кариера има настапувано за повеќе клубови во Франција, Белгија, Холандија, Естонија.

Станува збор за 28 годишен играч на крилната и напаѓачка позиција кој минатата сезона настапуваше за белгискиот Ла Лувиер. За овој клуб има 13 настапи во првиот тим при што постигнал 3 гола.


Холандија фаворит, Австрија и Турција во неизвесна битка! ↓↓↓


Дианеси потекнува од школата на француски Тулуз од каде заминува во Холандија каде три сезони настапува за Мастрихт и Фотурна. Кариерата ја продолжува во естонски Калју и белгискиот Лувиер . Претседателот на клубот е задоволен.

„Долго преговаравме  со овој играч бидејки сакавме да го донесеме во нашите редови. Ова засилување ги покажува нашите амбиции за наредната сезона и дека во нареднито период нашиот клуб ќе ангажира засилувања од истиот калибар. Во прашање е играч кој може да покрива повеќе позиции во нападот и очекуваме многу во следната сезона“, изјави за првото засилување на Брера претседателот  Горан Пандев.

Џибрил Дианеси потекнува од Мали и струмичкиот клуб ќе се приклучи со стартот на подготовките за новото првенство.

„Чест и задоволство е да играм за клубот кој за претседател го има Горан Пандев. Ќе дадам се од себе за исполнување на амбициите на тимот за новата сезона, бидејки од тоа што го слушнав Брера за наредната сезона ќе атакува на врвот на прволигашката табела“, истакна Дианеси

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Еден од најдобрите стрелци во мак-фудбалот ја заврши кариерата

Со завршувањето на сезоната 2023/24 официјално заврши професионалната кариера на еден од н…