Дома Македонски спорт Мак фудбал Брера се засили со напаѓачот на Вардар: Ова е клуб кој сите го респектираат поради Пандев

Брера се засили со напаѓачот на Вардар: Ова е клуб кој сите го респектираат поради Пандев

Крилниот играч Марјан Ристовски следната натпреварувачка сезона ќе го носи дресот Брера Струмица.

Управата на струмичкиот клуб и овој 27 годишен фудбалер се договорија да се приклучи на тимот во подготовките за новата сезона. Ристовски веднаш ќе биде на располагање на нашиот стручен штаб предводен од Бојан Круљ.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Станува збор за фудбалер кој потекнува од Гевгелија а во својата кариера има настапувано за повеке македонски клубови. Тој во Струмица доаѓа од Вардар каде во последната сезона одигра 29 натпревари постигнувајки три гола и запишувајки седум асистенции.

Претходно Ристовски го носеше дресот на Силекс, Работнички, Борец, Тиквеш и Кожуф.

„Среќен сум што ќе бидам дел од Брера Струмица и ќе дадам се од себе да се исполни зацртаната цел за следната сезона. Станува збор за клуб кој сите го репектираат бидејки го води една легенда како што е Горан Пандев.  Брера е фудбалски проект кој веќе го препознаваат сите и ми преставува задоволство што ќе бидам дел од него“, изјави Ристовски

Пред Ристовски, Брера се засили со Французинот Дианесе и напаѓачот Каланоски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Македонија и во поразот од Литванија има кошаркар во топ 5

Ако во некој пораз има и некои добри моменти, тогаш на мечот Македонија-Литванија може да …