Во пресрет на завршниот турнир во ракометната Лига на шампиони, францускиот шампион ПСЖ објави дека ја продолжил соработката со браќата Карабатиќ, Лука и Никола.
Француските репрезентативци во ПСЖ пристигнаа во 2015 година, кога потпишаа четиригодишни договори, но клубот на два дена пред стартот на завршниот турнир реши да ја продолжи соработката со нив до 2022 година.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
ПСЖ, клуб со најголем буџет, на завршиниот турнир атакува на својата прва титула, а противник во полуфиналето ќе му биде унгарскиот првак Веспрем.
Завршниот турнир се игра во сабота, а на другиот натпревар од 18 часот ќе играат Вардар и Барселона.