Дома Останати Ракомет Бразилците после вчерашната сензација торпедирани од Шпанија, скандинавското дерби за Норвешка

Бразилците после вчерашната сензација торпедирани од Шпанија, скандинавското дерби за Норвешка

Репрезентацијата на Бразил вчера приреди вистинска сензација откако ја победи Хрватска со 12 разлика, 36:24.

Бразилците немаа сили за уште еден блескав настап како вчера против Хрватите, веројатно своја улога одигра и заморот па „Фуријата“ стигна до убедлива победа.


Турскиот "Роналдо" го предизвикува Кристијано! ↓↓↓


Уште на стартот од натпреварот се виде дека Шпанија нема да се мачи и на полувреме заминаа со предност 19:13.

Соле и Арино беа најефикасни со по шест голови кај Шпанија, додека Кањелас постигна пет гола. Во редовие на Бразил, Лангаро и Нантес погодуваа по четири пати.

Во скандинавското дерби Норвешка со 30:27 ја победи Шведска и така ја направи трката за првите две места интересна. Данска, Шведска и Норвешка сега имаат по шест бода, со тоа што домаќините имаат натпревар помалку.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Започна Светското првенство во Скопје, Македонија игра вечерва

Македонија од денеска па до 30-ти јуни ќе биде домажин на 24. Светскио јуниорска првенство…