Дома Фудбал Репрезентации Бразилците бараат пораз од Чиле – само да не ја гледаат Аргентина на СП

Бразилците бараат пораз од Чиле – само да не ја гледаат Аргентина на СП

Вечерва ќе ги дознаеме сите учесници на Светското првенство во Русија, откако ќе завршат неизвесните јужноамерикански квалификации.

За три места кои водат директно во Русија и едно кое гарантира бараж ќе се борат дури шест репрезентации кои се наоѓаат во четири бода разлика.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Бразил е единствениот кој одамна го реши пласманот на СП, но затоа до последен момент ќе треперат Уругвај и Колумбија. Во најтешка ситуација е секако Аргентина, но и Чиле кој вечерва му гостува на Бразил.

Со евентуален триумф во Сао Паоло над Бразил, Чиле директно ќе се пласира на СП, додека Аргентина и со победа ќе игра бараж, само доколку Колумбија слави против Перу во гостувањето. Поинакво сценарио, поточно пораз на Чиле и победа на Аргентина, ќе значи радост за избраниците на Сампаоли и директен пласман во Русија.

Затоа, на социјалните мрежи Бразилците отворија кампања со која од нивните репрезентативци се бара да му „пуштат”на Чиле како би и наштетиле на Аргентина.

Познат е големиот ривалитет помеѓу „гаучосите“ и „кариоките“, а целиот свет вечерва го очекува расплетот од овие драматични квалификации.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Валенсија посрамотена во Каталонија: Барселона ѝ даде дури шест гола (Видео)

Барселона на импресивен начин ја потврди фаворитската улога во Ла Лига, совладувајќи ја Ва…