Дома Фудбал Останато Брага е апсолутен ХИТ: Го „одби“ Роналдо, а го „избра“ Лукиќ!

Брага е апсолутен ХИТ: Го „одби“ Роналдо, а го „избра“ Лукиќ!

Португалскиот прволигаш Брага на интересен начин и соопшти на јавноста кои се новите две засилувања доведени во зимскиот преоден рок.

Брага за таа прилика ја искористи мобилната апликација „Tinder“, која на многубројните корисници во светот им служи за дружење и запознавање.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


„Tinder“ функционира на принципот што двата корисници го продолжуваат „запознавањето“ само ако двајцата стегнат „лајк“.

Така постапи и Брага, па ѕвездата на Реал Кристиано Роналдо го „отфрли“ како прескап, напаѓачот на Челзи Мичу Батчуаи го елиминира како несериозен, претседателот на Спортинг Лисабон, Бруно де Карвахал „нема доволно квалитет“…

Сепак, двајцата фудбалери кои добија „лајк“ се Андреј Лукиќ и Рикардо Ривер, двете нови засилувања на Брага.

Андреј Лукиќ е 24-годишен хрватски дефанзивец кој во португалскиот тим доаѓа од Осијек за 600.000 фунти. Рикардо Ривер е играч од средината на теренот и доаѓа од бразилскиот Лувенденсе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Откриено кои великани ги одби Ван Дајк чекајќи ја одлуката на Ливерпул

Ливерпул вчера официјално потврди дека Вирџил ван Дајк останува на Енфилд и дека го продол…