Тимот на МТК успеа да слави победа против Ференцварош во претпоследното коло од унгарското првенство со убедливи 0:3.




Македонскиот напаѓач, Бојан Миовски учествуваше во победата со еден голот. Миовски го постигна голот за 0:2 во 84. минута.




Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Преостанатите два гола за МТК беа дело на Футаш. МТК е претпоследен тим на табелата во првенството им само со победа во овој натпревар можеа да ги задржат шансите за опстанок.




Последното коло МТК ќе се сретне со Дебрецен, а за да не испадне ќе чека услуга од Пушкаш Академија во натпреварот со Хонвед.