Возачот на Мерцедес Валтери Ботас беше најбзр на денешниот прв тренинг пред трката во Формула 1 за Големата награда на Шпанија.
Ботас оствари резултат од 1:18,504 минути. Второто место му припадна на возачот на Ред Бул Макс Верстапен, додека трет беше актуелниот шампион Луис Хамилтон.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
На четвртата позиција завршо Ландо Норис од Мекларен, а на петто и шестото место возачите на Ферари Шарл Леклер и Карлос Саинц.
Вториот тренинг на програмата е денес од подоцна, а квалификациите се возат во сабота од 15:00 часот, трката е во истиот термин во недела.