Жером Боатенг нема да го продолжи договорот со Баерн Минхен и на лето ќе го напушти клубот како слободен агент.
32-годишниот дефанзивец има договор со Баварците до крајот на сезоната и двете страни одлучија да не ја продолжуваат соработката.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ова е вториот важен фудбалер, после Алаба, кој ќе си замине од Баерн Минхен на лето како слободен агент.
Боатенг оваа сезона има одиграно 27 меча за Баерн на кои постигна два гола, па многу клубови покажуваат интерес за неговиот потпис.
Арсенал, Тотенхем и Милан веќе ја започнале битката за неговиот потпис, а германските медиуми пренесуваат дека голема е веројатноста Боатенг да се пресели во Премиер лигата.