Дома Трансфер зона Борусија ќе се освежува со пакет од Јувентус?

Борусија ќе се освежува со пакет од Јувентус?

Ниту репрезентативната пауза не донесе подобри денови за Борусија. После поразот од Баерн следуваа уште два неповолни резултати за екипата на Лусијан Фавр кои не само што ја здрмаа клупата на швајцарскиот тренер туку и јасно покажаа дека на „милионерите“ им е потребно освежување.

Поради тоа само една вечер после поразот од Барселона започнаа да кружат приказни дека Борусија ќе троши во зимскиот преоден рок. Први на радарот на Борусија се двајца отпишани фудбалери на Јувентус, Марио Манџукиќ и Емре Чан.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Добро известениот „Билд“ тврди дека управата на Борусија го контактирале Фабио Партичи и испратиле понуда од 30 милиони евра.

Голема прашина на почетокот на сезоната се крена поради статусот на Емре Чан. Германецот јавно призна дека не е среќен поради тоа што Сари не смета на него и тврдеше дека ветувањата кога доаѓал во клубот биле поинакви. Кај Сари тој помина само 170 минути на теренот и не е регистриран за настап во Лигата на шампионите и тоа јасно покажува дека Сари не смета многу на него.

Манџукиќ е уште повеќе отпишан, Хрватот од доаѓањето на Сари не настапи на ниту еден официјален натпревар. Инаку, Манџукиќ веќе има искуство со играње во Бундес лигата каде што ги бранеше боите на Волсфбург и Баерн Минхен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал и Ливерпул го сакаат Брахим Дијаз

Брахим Дијаз минатото лето се врати во Реал Мадрид и ја потврди својата класа, но оваа сез…