Италијанските медиуми пренесуваат дека Борусија Дортмунд се вклучи во трката по плејмејкерот на Сасуоло, Мануел Локатели.
Локатели кариерата ја започна во Милан, важеше се голем талент, но „росонерите“ не му веруваа и го продадоа на Сасуоло за 10 милиони евра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Локатели го покажа својот потенцијал во Сасуоло и сега е стандарден член на италијанската репрезентација.
Плејмејкерот е голема желба на Андреа Пирло, кој се обидува да го донесе во Јувентус, но сега доби силна конкуренција.
Борусија Дортмунд веќе стапија во контакт со неговиот агент и сака да го донесе Италијанецот во своите редови.
Сасуоло за неговата слобода бара 40 милиони евра, па тешко дека трансферот може да се реализира до крајот на зимскиот преоден рок.
Un'altra big 👍 ha chiesto informazioni su Manuel Locatelli.
— Transfermarkt.it (@TMit_news) January 26, 2021
🗞: Sport1#TMmercato pic.twitter.com/zjJ0FoHuLS