Борусија Дортмунд направи вистински погодок со привлекувањето на Џејдон Санчо од Манчестер Сити, па сега сака да го повтори тој успех со друг англиски талент.
Според англиските медиуми „милионерите“ покажуваат силен интерес за Бакајо Сака од Арсенал. 18-годишниот лев бек оваа сезона одигра неколку одлични натпревари за првиот тим и покажа дека е голем талент.
ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓
Сака има договор за само уште една сезона со „топџиите“, па се почести се шпекулациите дека би можел да ја промени средината. Дортмунд сака да ја искористи таквата ситуација и да го донесе во своите редови.
Оваа сезона Сака веќе има одиграно 29 натпревари за Арсенал во сите натпреварувања, а тренерот Артета сака по секоја цена да го задржи во своите редови.
Арсенал веќе започна преговори за продолжување на соработката, а покрај Дортмунд интерес за талентот покажуваат уште Баерн Минхен и Милан.