Дома Фудбал Останато Борусија Дортмунд без конкуренција: Ова се најгледаните клубови оваа сезона!

Борусија Дортмунд без конкуренција: Ова се најгледаните клубови оваа сезона!

Три од најсилните пет европски првенства се веќе завршени.

Од првенствата во Европа од оние кои се уште не се завршени се италијанското и француското, а таму последното коло ќе биде одиграно за викендот.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


По тој повод „Газета дело Спорт“ се занимаваше со посетеноста на стадионите ширум Европа. Поточно кои клубови имаа најголема поддршка од трибините. Победникот е – Борусија Дортмунд.

Германскиот клуб оваа сезона во просек на „Вестфален“ го гледале 81.000 гледачи што е скоро цел стадион кој прима точно 81.365 гледачи.

На второто место се Барселона и Баерн Минхен кои на „Ноу Камп“ и „Алијанц Арената“ имале поддршка од 75.000 навивачи. На четвртото место е Манчестер Јунајтед кој и покрај тоа што имаше лоша сезона во просек на „Олд Трафорд“ го гледале 74.000 навивачи.

Следуваат Арсенал (60.000 навивачи), Вест Хем и Интер (58.000), Милан (55.000), Тотенхем (54.000), Ливерпул и Ајакс (53.000). Пари Сен Жермен на „Паркот на принцовите“ во просек го гледале 47.000, а Челзи на „Стенфорд Бриџ“ 40.000, а зад нив следи Јувентус со 39.000.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Алегри не се откажува од идејата да го донесе Влаховиќ во Милан

Милан воспостави нов контакт со Душан Влаховиќ, бидејќи Макс Алегри сака повторно да работ…