Раководството на Борусија Дортмунд веќе започна да бара замена за Џејдон Санчо, кој на крајот на сезоната најверојатно ќе го напушти клубот.
Санчо блесна во дресот на „милионерите“ и е на мета на клубовите од Премиер лигата, па поради фактот што и самиот фудбалер сака да се врати во татковината, Дортмунд е спремна да го продаде.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Раководството на Борусија Дортмунд веќе започна да бара замена, а медиумите откриваат дека прва мета е Емануел Денис од Бриж. 22-годишниот Нигериец го привлече вниманието на себе кога постигна два гола против Реал Мадрид на „Сантиаго Бернабеу“.
Денис веќе трета сезона игра за Бриж, откако беше купен од Зорја за само 1,3 милиони евра. Нигериецот може да игра на сите позиции во нападот, а за него интерес покрај Дортмунд покажуваат уште и клубовите од Премиер лигата.