Дома Најава Борусија Дортмунд – Лајпциг: Домаќинот ќе се доближи или гостите ќе се одлепат на врвот

Борусија Дортмунд – Лајпциг: Домаќинот ќе се доближи или гостите ќе се одлепат на врвот

Борусија Дортмунд – Лајпциг е дербито на 16-то коло во германската Бундеслига. На Сигнал Идуна Парк секогаш следиме интересни средби, а овој пат целосното внимание е насочено кон овој стадион, бидејќи гостува лидерот во Бундес.

Импресивни бројки зад Лајпциг

Во моментот Лајпциг е најдобриот тим во Германија, откако се искачи на врвот на табелата по победничката серија од шест меча во Бундеслигата. Во таа низа, тие имаат постигнато неверојатни 25 гола (или најмалку три во секоја победа), а примија само шест. Фудбалерот на Рома кој е на позајмица во Лајпциг, Патрик Шик полека почнува да го искажува својот квалитет, додека Тимо Вернер со 16 погодоци до сега во Бундеслигата и броење) му дава нае чекор до Роберт Левандовски кој има 18 гола. Тие одиграа одлично и во Лигата на Шампиони и како лидери обезбедија пласман во 1/16 финалето. Се на се, ова е одлична сезона за Лајпциг која ако потрае на овој начин, не треба да се чудите ако станат и германски шампиони.

Нагелсман прави чуда


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Тренерот на Лајпциг, Нагелсман, се чини дека најде златна средина помеѓу неговиот стил на игра и машината за притискање со висок интензитет што фудбалерите на Лајпциг подоло време ја негуваа. Исто така, тој има длабок состав, има здрава конкуренција за сите позиции и има одлични фудбалери. Тоа е еден неверојатно млад состав (Лајпциг има најмала просечна возраст кога станува збор за Бундеслигата), но тие се справуваат со притисокот на неверојатен начин и тоа во сите конкуренции. Но сега се пред голем испит, а токму овој меч со Дортмунд може да значи мноу пред продолжението на сезоната.

И покрај тешките моменти, Дортмунд е при врвот

Борусија Дортмунд се уште е во трка за титулата и се наоѓа на само четири бода од првото место. Сепак, тие имаа некои тешки моменти во текот на оваа сезона. Тие беа понижени уште еднаш во Дер Класикер, губејќи со 4:0 од Баерн Минхен. Го доживеаа срамот откако требаше да се вратат од 0:3 за да извлечат 3:3 на домашен терен од слабиот. А тие загубија и од новиот бундеслигаш Унион Берлин. Но по тие резултати сега Дортмунд има три победи во серија со одлична ефикасност, а на последните два меча постигна девет ола. Но тие голови беа против Дизелдорф и Мајнц, кои се далеку од класата на Лајпциг.

Дортмунд влезе во форма, но проблемите во одбраната остануваат

Кога функционира замислата на Фавре, радост е да се гледа тоа на теренот, а Боруија Дортмунд на таков начин ги освои своите последни четири натпревари во сите натпреварувања. И покрај некои теренски неправилности, Санчо е во страшна форма. Англискиот тинејџер има десет гола и десет асистенции низ Бундеслигата и Лигата на Шампиони што е импресивен рекорд, а има постигнато гол на секој од последните шест настапи. Покрај него, Торган Хазард има постигнато четири лигашки голови и асистираше на уште седум, додека Марко Ројс има девет погодоци во Бундеслигата. Зад нив, Џaлијан Брант продолжува да ја смирува играта и да се подобрува – има три гола и четири асистенции сезонава.

Сепак, проблемот на Дортмунд е во одбрана, а моето уверување е дека нема да можат да го задржат Лајпциг кој се наоѓа во одлична офанзивна форма.

Наш предлог:

Нерешено или Победа на Лајпциг @ 1.73 во 1хBet

Двете екипи да постигнат гол @ 1.45 во 1хBet

Да паднат Над 2.5 ола @ 1.48 во 1хBet

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Најава

Проверете

Баерн – Лајпциг, најголема квота на свет 1,55 – Mozzart

Никаде на планетата нема да најдете поголеми квоти и на ПСЖ, Ајакс, Партизан, Бенфика, Лив…