Дома Трансфер зона Борусија Дортмунд го „краде“ големиот талент на ПСЖ

Борусија Дортмунд го „краде“ големиот талент на ПСЖ

Француските медиуми пренесуваат дека Борусија Дортмунд е на чекор да го донесе младиот талент на ПСЖ, Танги Куаси.

Куаси наскоро ќе наполни 18 години и важи за еден од најголемите таленти во Франција.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Младиот дефанзивец оваа сезона се пресели во првиот тим на ПСЖ, веќе има вкупно 15 настапи, а дури и дебитираше во Лигата на шампиони.

Неговиот договор со ПСЖ истекува ова лето, па е слободен да преговара со други клубови, а медиумите тврдат дека најдобрата понуда стигнала од Борусија Дортмунд.

„Милионерите“ му понудиле 5-годишен договор вреден 2 милиони евра по сезона, па се очекува во наредните денови да стигне и официјална потврда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Што се чека: Зошто трансферот на Шчесни се уште не е официјализиран?

Војчех Шчесни и понатаму чека официјализирање на трансферот во Барселона. Како што пренесу…