Наполи го победи Торино со 2:0, а Лацио Милан 3:0 во 33. коло од Серија А.
Со овие резултати трката за позициите кои водат во Лигата на шампионите дополнително се искомпицира. Во таа трка се Аталанта, Наполи, Јувентус, Милан и Лацио. Аталанта е втора со 68 бода, Лацио шести со 61 бод (и натпревар помалку).
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
По формата и распоредот до крајот најголеми шанси се даваат на Аталанта на која и се предвидува второто место. Тоа значи дека преостануваат уште две позиции кои водат во ЛШ и за нив ќе се борат четири италијанси гиганти.
Актуелниот шампион Јувентус е четврти, но има ист број бодови како Наполи и Милан. За Јувентус е круцијално да се избори за ЛШ.
Ако Јувентус не влезе во Лигата на шампионите веројатно ќе мора да го продаде Роналдо и уште некоја ѕвезда за да ја надополни финансиската загуба. Пирло во таква ситуација веројатно би си заминал. „Ако се пласираме во ЛШ, Пирло сигурно ќе биде наш тренер следната сезона“, гласеше изјавата на Партичи во неделата.
Проблем за Јувентус е што тие го имаат и најтешкиот распоред до крајот. „Старата дама“ ќе игра со: Удинезе (гости), Милан (дома), Сасуоло (гости), Интер (дома) и Болоња (гости).