Во финалето на Европското првенство во недела силите ќе ги одмерат Англија и Италија.
Европското првенство влезе во самата завршница, а кој ќе биде новиот европски шампиoн ќе дознаеме во недела вечер. Англија сигурно ќе има голема поддршка од трибините, но тоа не го загрижува Роберто Манчини.
Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Искусниот дефанзивец, Леонардо Бонучи смета дека победа би била од огромна важност за целиот италијански фудбал и дека не се загрижени што ќе играат пред англиски навивачи.
„Победа би била важен чекор за англискиот фудбал. Ќе ни донесе задоволство на сите Италијани. Не сакаме изговори, сконцентрирани сме и со нетрпение го чекаме натпреварот. Размислуваме за фидналот, не сме загрижени што против Англичаните ќе играме на „Вембли““.
„Мотивирани сме, нашата желба е да не примиме гол. Се радуваме на натпреварот иако на трибините во главно ќе бидат само англиски навивачи. Сакаме со одлична игра да направиме историски успех“, изјави Бонучи.