Дома Фудбал Италија Бонучи во форма, Кутроне е ѕвездата – Гатузо го препороди Милан, клубот му спрема договор!

Бонучи во форма, Кутроне е ѕвездата – Гатузо го препороди Милан, клубот му спрема договор!

Ако го ги исклучиме Наполи и Јувентус, бројките говорат сами по себе. Раководството на клубот ја спреми понудата…

Гледајќи го периодот од кога го превзема Милан, Џенаро Гатузо после недопирливите Наполи и Јувентус со Милан освои најмногу бодови во Серија А. Значи „росонерите“ би биле на третата позиција доколку шампионатот започнал во тој момент.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Серијата победи им ја враќа надежта на навивачите дека би можеле да се вратат во трката за четвртото место.

Дали Милан го добива вистинскиот лик.

„Се надевам, но мораме да бидеме внимателно, да се потсетиме од каде започнавме“, изјави Рино.

Забележително беше во победата против Лацио, но и во вчерашниот натпревар против СПАЛ, тимот има многу повеќе самодоверба, Бонучи се враќа во форма, Биља исто така. Нова ѕвезда е Кутроне кој нема да се замислува, и самиот истакан дека Гатузо би го претепал доколку се замислува дека е голем играч.

Во секој случај Милан после четири победи во пет натпревари стигна до седмата позиција. Како што пренесуваат медиумите во Италија поради тоа клубот е исклучително задоволен од Гатузо кој успеа на тимот да го пренесе својот карактер и дух па се шпекулира дека ќе му понудат договор до 2020 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Англија и Шпанија ќе имаат најмалку десет екипи во Лигата на шампионите

Шпанската фудбалска лига ќе има следната сезона пет претставници во Лигата на шампионите, …