Дома Топ вести „Бомба“ од Островот: Челзи спреми 90 милиони за Лукаку

„Бомба“ од Островот: Челзи спреми 90 милиони за Лукаку

Примарна трансфер цел на Челзи во летниот преоден рок ќе биде доведување на врвен напаѓач.

Според последните информации од Англија, „сините“ се откажале од Ерлинг Халанд и сега ќе се насочат кон враќање на Ромелу Лукаку на „Стенфорд Бриџ“.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Тухел сака искусен напаѓач кој има искуство во Премиер лигата, а Челзи сака да ја поправи грешката со Лукаку и е спремен да плати 90 милиони фунти за неговиот потпис.

Абрахам и Вернер ќе бидат ставени на продажба, а Тухел смета дека со Лукаку ќе ги реши сите проблеми во нападот.

Белгиецот игра фантастична сезона во Интер, но „нероаѕурите“ имаат финансиски проблеми па Челзи ќе се обиде да ја искористи таквата ситуација.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…