Се погласни се шпекулациите дека Пауло Дибала на крајот на сезоната ќе го напушти италијанскиот шампион Јувентус.
Дибала оваа сезона е во сенка на Кристианто Роналдо, игра под своето ниво, па често натпреварите ги почнува од клупата за резерви.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поради тоа се поголеми се шансите да ја напушти „старата дама“ на крајот на сезоната, а за неговиот потпис силен интерес покажуваат Интер, Манчестер Јунајтед и Ливерпул.
Италијанските медиуми тврдат дека најсилен е интересот од страна на Ливерпул, кој веќе ги започнал преговорите, па трансферот би можел да биде договорен во наредните недели.
Not really sure we need Dybala but I don't mind. https://t.co/TQuG7AjALn
— 神の息子 (@anthonyanavhe) March 20, 2019
Јирген Клоп сака по секоја цена да го донесе 25-годишниот Аргентинец во своите редови, а и самиот Дибала преферира трансфер во Премиер лигата.
Се уште не е јасно колку ќе „тежи“ трансферот на Аргентинецот на „Енфилд“, но Ливерпул сигурно ќе мора да плати сума помеѓу 100 и 120 милиони евра, што ќе биде рекорден трансфер во Премиер лигата.
https://youtu.be/WlQ_KvjWWiI