Новиот тренер на Барселона, Роналд Куман настојувал клубот да го донесе напаѓачот на Интер, Ромелу Лукаку пренесуваат каталонските медиуми.
Долго време се пишуваше дека Барселона е силно заинтересирана за Лаутаро Мартинез, но угледниот „Мундо Депортиво“ пренесува дека прва желба на Куман била друг напаѓач на Интер.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Холандскиот стратег многу ги цени квалитетите на Белгиецот и побарал од раководството да го донесе на „Камп Ноу“.
Меѓутоа, раководството на Барса проценило дека нема начин како да му ја исполни таа желба на Куман, иако веќе подолго време преговара со Интер.
Куман бара заменик за Луис Суарез, а одлично го познава Лукаку од времето кога работеше во Евертон.