Јувентус на крајот на сезоната ќе „раскине“ со Андреа Пирло и веќе ја започна потрагата по нов тренер.
Во последните денови на големо се шпекулира со евентуално враќање на Макс Алегри на клупата на Јувентус, но познатиот новинар Паоло Барџиџа лансираше вистинска „бомба“.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Имено, тој тврди дека Антонио Конте на крајот на сезоната ќе го напушти Интер и ќе се врати на кормилото на Јувентус.
„Фабио Паратичи ми кажа дека Ањели останува претседател, Пирло го напушта клубот без разлика што ќе се случи. Алегри е опција за тренер, но внимавајте и на Конте“, кажа новинарот.
Конте во моментов е на добар пат да ја прекине доминацијата на Јувентус, која почна токму од него пред 10 години, односно во 2011 година.