Италијанските медиуми тврдат дека голема е веројатноста Мауро Икарди да се врати во Серија А во јануари.
Тренерот на ПСЖ, Тухел не му дава шанса на Икарди оваа сезона, па аргентинскиот напаѓач е спремен да ја промени средината.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Најсилен интерес во моментов покажува Милан, кој во Икарди гледа идеален наследник на Ибрахимовиќ и некој кој ќе биде главен напаѓач во наредните години.
Малдини веќе стапил во контакт со неговиот пријател Леонардо и започнале преговори за трансфер на Икарди уште во јануари.
Аргентинецот може да пристиге на „Сан Сиро“ на позајмица за 10 милиони евра плус 40 милиони за откуп следната година.
Неговата сопруга и агент, Ванда Нара инсистира да се врати во Италија и Милан го гледа како идеална опција.