Диего Коста веќе некое време е без клуб, откако го раскина договорот со Атлетико Мадрид.
Италијанските медиуми пренесуваат дека голема е веројатноста 32-годишниот напаѓач да ја продолжи кариерата во Серија А.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Коста има понуда од Бенфика, но тој ги чека италијанските гиганти Милан и Јувентус, кои веќе стапиле во контакт со неговиот агент.
Двата клуба се во потрага по квалитетен напаѓач за следната сезона и се заинтересирани за Диего Коста, кого можат да го донесат без обештетување.
Официјални понуди се уште нема, но јасно е зошто напаѓачот ги одбива сите други клубови, бидејќи сака кариерата да ја продолжи во Серија А.