Манчестер Јунајтед сериозно ја разгледува можноста да го привлече напаѓачот на Пари Сен Жермен Нејмар, кој треба да биде замена за Кристиано Роналдо, пренесуваат медиумите на Островот.




Иднината на Нејмар во ПСЖ е неизвесна бидејќи францускиот клуб се обидува да се ослободи од Бразилецот.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Самиот фудбалер во неколку наврати изјави дека сака да остане на „Паркот на принцовите“, но се предомислил по неодамнешното интервју на претседателот на клубот Насер Ал-Хелаифи, кој избегна да одговори дали Бразилецот ќе биде важен за тимот и во иднина.




Така, Манчестер Јунајтед може да ја искористи ситуацијата и да достави понуда за Нејмар до крајот на преодниот рок.




Во вторникот имаше средба меѓу Роналдо и шефовите на „црвените ѓаволи“, но се чини дека таа не завршила позитивно, а фудбалерот уште еднаш изјавил дека сака да си замине. Тој го пропушти претсезонскиот тренинг во Австралија и продолжува да тренира одвоено од соиграчите, што е јасен знак за неговите намери.