Британскиот медиум „Метро“ лансираше вистинска „бомба“ и најавува сензационален трансфер на бразилската ѕвезда Винисиус од Реал Мадрид во Манчестер Јунајтед.
Наводно, премиерлигашот е подготвен да плати 150 милиони евра бразилскиот репрезентативец, а уште поинтересно е тоа што Реал нема против да почне преговори.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Реал на лето најверојатно ќе го доведе Килијан Мбапе и тоа без обештетување, па поради тоа е спремен да го продаде Винисиус.
Иако ваквите најави изгледаат речиси невозможни, сепак, Манчестер јунајтед веднаш изрази подготвеност да плати 150 милиони евра.
Бразилецот веќе неколку сезони е еден од најважните играчи на Реал, но раководството смета дека постои можност следната сезона да падне во сенка на Мбапе.