Манчестер Сити е сериозно заинтересиран за ѕвездата на Милан, Рафаел Леао, пренесуваат италијанските медиуми.
Португалецот се етаблираше во еден од најдобрите млади фудбалери во Европа и го привлече вниманието на многу европски гиганти.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Гвардиола сака на лето да ги засили крилните позиции и да донесе играч кој ќе биде идеален партнер за Халанд, а верува дека најдобра опција е токму Рафа Леао.
Португалецот има долг договор со „росонерите“ и Милан не размислува за продажба, но Сити спрема понуда од 120 милиони, сума која италијанскиот клуб тешко ќе може да ја одбие.