Дома Топ вести Бомба – Конте ја сака ѕвездата на Баерн Минхен!

Бомба – Конте ја сака ѕвездата на Баерн Минхен!

Како што пренесуваат англиските медиуми Антонио Конте не се откажува од Артуро Видал и спремил понуда од 60 милиони евра за Чилеанецот.

Италијанецот сака со Видал, Канте и Бакајоко да направи неверојатно трио на средината од теренот и верува дека ќе биде идеално за неговиот стил на игра.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


За Видал силен интерес покажува и милански Интер, кој исто така е спремен да плати 60 милиони евра.

Сепак, тешко е да се поверува дека Баерн ќе се согласи на продажба на својот фудбалер, особено поради фактот што ова лето сигурно тимот ќе го напушти Ренато Санчез.

Конте ја доби битката за Мората, но не успеа да ги донесе Бонучи и Алекс Сандро, па побарал од раководството по секоја цена да му го донесат Чилеанецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…