Дома Фудбал Останато „Бомба“: Гвардиола добил понуда да стане селектор, ова би било и еден преседан

„Бомба“: Гвардиола добил понуда да стане селектор, ова би било и еден преседан

Шпанскиот тренер, Пеп Гвардиола испиша историја во англискиот фудбал со Манчестер сити и со кој во последните седум сезони дури шест пати ја освојуваше титулата, минатата стигнаа до четвртата во нниза.

Посебно достигнување беше тројната круна во 2023 година. Со тренерска работа Гвардиола се занимава 16 години и само во три не освоуваше титула. Дефинитивно тоа го прави еден од најголемите во историјата, а во овој момент ја минува својата деветта година во Манчестер сити.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Во англискиот клуб остана многу подолго отколку во Барселоа (четири години) и Баерн (три години).

Одредени медиуми пренесуваат дека сега постои опција на лето да си замине од клупата на „граѓаните“ и да стане селектор на Бразил.

Ова би бил и еден вид преседан бидејќи во скоро 112 години долгата историја на Бразил никогаш селекцијата не ја водел странец, исклучок се неколку натурализирани Шпанци, Португалци и Јужноамериканци кои претходно долго живееле во Бразил.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Барса ја „краде“ големата желба на Реал Мадрид

Барселона се вклучи во трката за потписот на  за дефанзивецот на Леверкузен и германската …