Неверојатни вести пристигнуваат од Апенините.
Милан и Интер се во потрага по фирма која ќе им изгради нов стадион за домашни натпревари и јавна тајна е дека „Џузепе Меаца“ или „Сан Сиро“ наскоро ќе биде напуштен. Наводно новото место би требало да биде во близина.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Сега торинскиот весник „Тутоспорт“ пренесува една ексклузива која звучи неверојатно – претседателот на Јувентус размислува за купување на храмот на фудбалот во Милано!
Својата приказна тие ја базираат на изјавата на градоначалникот на Милано, Бепе Сале кој изјави дека размислува за продажба на објектот дури и на други клубови.
„Тутоспорт“ пишува дека цената на стадионот во Милано е проценета на околу 70 милион иевра, сличен износ Јувентус минатото лето плати за Де Лихт. На „Бјанконерите“ наводно не им одговара тоа што нивниот стадион има капацитет од нешто повеќе од 41.000 седишта.
Останува да видиме дали во овие вести има вистина или станува збор само за провокација од торинските медиуми.