Дома Фудбал Останато БОМБА: Анчелоти ја превзема репрезентацијата на Србија?

БОМБА: Анчелоти ја превзема репрезентацијата на Србија?

Фудбалскиот сојуз на Србија вчера објави дека Славољуб Муслин повеќе не е селектор на репрезентацијата на земјата.

Иако Муслин успеа да ги одведе на Светското првенство на крајот тоа не му беше доволно да ја задржи својата функција. Многумина му се лутеа што повикуваше млади играчи во тимот, а на крајот тоа му беше и цената. На неговото место пристигна Младен Крстајиќ, како привремено решение и тој ќе ја води Србија во следните две пријателски натпревари.

Дејан Димовски: Скопје троши 700 литри вода дневно по жител | Уште еден поткаст ↓↓↓


„Ловот“ на новиот селектор веќе започна, а локалните медиуми „се мачат“ со многу имиња. Сепак, она кое на сите им падна на око е името на славниот италијански стратег, Карло Анчелоти. Наводно, ФС на Србија сериозно размислува за тоа да му испрати понуда на Анчелоти за да ја превземе Србија.

Анчелоти неодамна доби отказ во Баерн и најави дека до следното лето не сака да размислува за работа. Сепак, изгледа дека лидерите на српската репрезентацијата се наведаат дека со некое чудо ќе успеат да го убедат Италијанецот да ја превземе Србија. Но, рака на срце потребно им е големо чудо за тоа да се случи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Готово: Мората се враќа во Серија А

Напаѓачот Алваро Мората на крајот ќе го облече дресот на Комо по долгите трилатерални прег…